Речиси да нема меч на кој игра Меси, а да не е поставен нов рекорд, односно урнат некој стар. Капитенот на Каталонците вчера ги помести границите во шпанскиот фудбал, како единствен играч кој стигнал до 35 хет-трикови во кариерата.
Во победата од 5-2 над Мајорка, три гола беа дело на Меси, а со нив Аргентинецот го помина Кристијано Роналдо на оваа посебна листа. Во девет сезони во дресот на Реал Мадрид, Роналдо 34 пати се радуваше на хет-трик, сега Меси има еден повеќе.
LIONEL MESSI HAT TRICK!
He breaks Ronaldo's record for the most hat tricks in La Liga history! pic.twitter.com/CfFLcgr0ew
— ESPN FC (@ESPNFC) December 7, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=QRQ0zJbBwfQ