Македонскиот фудбалер, Музафер Ејупи, второ коло по ред се запиша во листата на стрелците кај Осиек, но овој хрватски тим никако да освои три бода (пет кола нема победа), и почна да заостанува зад втората Риека, а сега му се загрозена и третата позиција на која атакуваат Локомотива и Хајдук.
На денешниот меч со Горица, Ејупи влезе во игра во 46 минута, а во 69-та минута даде гол за 2-2, што се покажа како конечен резултат. Во 90-та минута, Ејупи беше испратен во соблекувална, откако доби втор жолт картон. Исклучен беше и тренерот на Осиек.
Ејупи после десетмесечна пауза, на почетокот на март се врати на фудбалските терени, а како резерва даде гол и во минатото коло, кога Осиек загуби со 1-3 од Риека.