Вирален хит стана видеото со прославата на лажниот гол на играчите на Славен Белупо, меѓу нив и нашиот интеренционалец Музафер Ејупи, а во контранапад, додека траеше славењето на гостите, играчите на Хајдук ја погодија празната мрежа на гостите за победа од 2:0.
Еден лажен и еден вистински гол го погледнаа досега над милион пати на социјалните мрежи.
Ејупи влезе во игра во 69-тата минута, а комичната ситуација за вториот гол на Хајдук се случи само пет минути подоцна.
Погледнете.
https://twitter.com/NogometPlusNet/status/1188112124989579264?s=20