Според прогнозерите, екипа која се бори за опстанок е најголем фаворит за ова коло

Екипата на Олимпик Лион имаше очаен старт на првенството во Франција. Тимот долго време беше на дното од табелата. По 14 кола, Лион беше фенерџија само со седум бода, но тогаш се вклучи црвениот аларм. Во последните три кола, Лион победува и сега не само што не е последен на табелата, туку со 16 бода избега и од зоната за испаѓање.

В недела Лион ќе гостува кај Ле Авр, а играчите на Спортска прогноза немаат дилеми дека некогашниот француски првак ќе ја продолжи низата на победи. Дури 85 отсто од прогнозерите очекуваат „двојка“ на овој меч и тоа засега е најсигурниот фикс од сите 13 понудени средби за типување во ова коло.

Во понудата се мечеви од Топ 5 лигите во Европа, а има и два дерби-дуела на кои домаќините се фаворити. Како и во секое коло, така и сега, главен предизвик за прогнозерите е да бркаат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 понудени дуели. За таков подвиг, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

За 12 погодени фиксови следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести