Екипа од Африка следната сезона ќе игра во шпанската Ла Лига 2

Екипата на Сеута со победата над Фуенлабрада од 2-1 и официјално е нов шпански второлигаш за следната сезона, но она што е интересно е тоа што овој клуб е од Африка. Градот Сеута се наоѓа на брегот на Гибралтарскиот проток во Северна Африка и е опкружен од Мароко, но ѝ припаѓа на Шпанија и е дел од Европската Унија.

Сеута со тоа стана првата и единствена екипа од Африка која ќе игра во професионален ранг на натпреварување на европско тло. Никогаш претходно не биле дел од Ла Лига, а во второлигашката конкуренција последен пат играле пред 58 години.

 

- Оглас -

Најнови вести