36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Екипа од средината на премиерлигашката табела има најмногу репрезентативци на ЕП во составот на Англија

Изоставувањето на Грилиш и Мегваер од репрезентацијата на Англија за Европското првенство во Германија беа главна тема на Островот, па како да помина незабележително еден друг факт кога се работи за составот на Герет Саутгејт.

Веројатно се очекува дека најмногу играчи во репрезентацијата на Англија има од Манчестер сити или можеби од Арсенал и Ливерпул, екипи кои завршија на врвот во Премиер лигата оваа сезона, сепак не е така.

Премиерлигаш со најмногу играчи во селекцијата на „гордиот албион“ која ќе настапи на шампионатот во Германија е верувале или не – Кристал палас. Екипата која заврши на 10-тата позиција на табелата има дури четири играчи во репрезентацијата. Тоа се голманот Дин Хендерсон, дефанзивецот Марк Гехи, играчот од средниот ред Адам Вартон, како и напаѓачот Еберечи Езе.

Англија на европското првенство е во група со Словенија, Данска и Србија.

- Оглас -

Најнови вести