23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Екипата која го елиминира Вардар е на сериозен тест, Кристал палас и ПАО се фаворити дома

6847 Лозана – Бешикташ (20:15 ч.)

Лозана е тимот кој го елиминира Вардар во Конференциската лига, а потоа двапати славеше и над Астана, па сега е на чекор од влез во групната фаза. Сепак, Бешикташ ја има фаворитската улога.

Турскиот тим во петте меча кои ги одигра во новата сезона, дури на три средби имаше пет или повеќе голови, што значи дека се игра без многу калкулации.

Предлог тип: ГГ3+ (1.95)

 

6803 Зрињски – Утрехт (20 ч.)

Овие два тима играа во квалификациите во Лигата на Европа и во 2019 година, а тогаш двапати беше 1:1, а Зрињски отиде понатаму со гол во продолженијата од реваншот. Сега Утрехт е во улога на фаворит, но тоа што е очигледно е дека двете екипи играат без многу калкулации и сакаат да се надмудруваат, па погодоци не треба да фалат.

Шампионот на БиХ ќе се обиде да го искористи домашниот терен за да обезбеди добар резултат пред реваншот.

Предлог тип: 1-3 I +3+ (1.91)

 

6806 Риека – ПАОК (20:45 ч.)

Риека разочара во квалификациите од Лигата на шампионите, но сега е на прагот од пласман во групната фаза од Лигата на Европа. ПАОК е опасен ривал, чија главна стратегија е добра одбрана.

Тука може да се очекува меч со многу калкулации и надмудрувања, а конечниот победник од овој двомеч да се бара во реваншот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.50)

 

6840 Кристал палас – Фредрикштад (21 ч.)

Кристал палас е најпријатното изненадување во Англија. Тимот го освои ФА купот, а пред неполни две недели триумфираше и во Комјунити шилд (Суперкупот на Англија), откако на пенали го победи Ливерпул.

На почетокот од сезоната Кристал палас одигра реми без голови кај Челзи, што само потврдува дека е тим кој тешко ќе губи и во пресметките со европските гиганти. Токму затоа, јасно е дека англискиот тим е голем фаворит вечерва против ривалот од Норвешка.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.21)

 

6801 Панатинаикос – Самсунспор (20 ч.)

Панатинаикос беше елиминиран од Лигата на шампионите, а потоа во двата меча против Шахтар беше 0:0, но отиде понатаму по подоброто изведување на пеналите.

Едноставно грчкиот тим негува дефанзивен фудбал и само еден момент може да биде доволен да се реши победникот.

Предлог тип: 1&0-3 (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести