Екипата на Хартербер од Австрија го направи најголемиот успех во клупската историја откако успеа да се избори за излез во Лигата на Европа. Хартербер одигра 0:0 против Австрија Виена во реваншот од плејофот за пласман во европските купови и благодарение на победата од 3:2 во првата средба, си обезбеди место во квалификациите за Лигата на Европа.
Хартербер е клуб кој доаѓа од мало место на истокот од Австрија, во кое има само 6.687 жители, а стадионот на кој игра е со капацитет од 4.500 гледачи. Овој тим е посебно интересен по дресовите со коишто играат. Дресовите многу повеќе личат на ракометни дресови затоа што се „ишарани“ со голем број спонзори.
HARTBERG WELCOMES EUROPE. pic.twitter.com/NhVrERhs0q
— TSV Hartberg Fußball (@tsv_hartberg) July 15, 2020
Еден од спонзорите кои ги има Хартербер е многу инетресен и необичен. На предниот дел од дресот стои реклама на банка за сперма. И покрај чудните дресови, Хартербер на теренот покажа дека има квалитет па победуваа противници од типот на Рапид, ЛАСК, Штурм и Австрија Виена.