24.8 C
Skopje
петок, 29 август 2025

Екипи од 24 држави ќе играат во лигашкиот дел на Лигата на Европа

Екипи од 24 држави ќе учествуваат во новото издание на Лигата на Европа, откако и официјално завршија квалификациите за второто по ранг европско клупско натпреварување.

Најмногу, по три претставници ќе имаат Франција (Лил, Лион и Ница) и Холандија (Феенорд, Го Ахед и Утрехт). По два претставника имаат Италија (Рома и Болоња), Португалија (Порто и Брага), Шкотска (Глазгов Ренџерс и Селтик), Шпанија (Бетис и Селта Виго), Австрија (Салцбург и Штурм Грац), Англија (Астон вила и Нотингем Форест), Грција (ПАОК и Панатинаикос), Швајцарија (Јанг Бојс и Базел) и Германија (Фрајбург и Штутгарт).

По една екипа во Лигата на Европа ќе имаат Хрватска (Динамо Загреб), Турција (Фенербахче), Србија (Црвена ѕвезда), Чешка (Плзен), Унгарија (Ференцварош), Израел (Макаби Тел-Авив), Данска (Мидјиланд), Бугарија (Лудогорец), Романија (ФЦСБ), Шведска (Малме), Белгија (Генк) и Норвешка (Бран).

Во продолжение се шеширите пред ждрепката која ќе се одржи во петок.

- Оглас -

Најнови вести