4.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Екипи од Англија, Италија и Белгија со интерес за Столе Димитриевски

Столе Димитриевски не ја доби шансата која ја очекуваше во Валенсија, па извесно е дека ќе го напушти клубот од „Местаља“. Останува непознато дали тоа ќе се случи сега во јануари или пак можеби во јуни, кога и ќе му истече договорот.

Шпанскиот „Ас“ пренесува информации дека веќе има заинтересирани екипи за нашиот голман, а Столе Димитриевски во иднина може да го гледаме во Премиер лигата или во Серија А.

Белгискиот Бриж во моментов е прв фаворит за потписот на македонскиот голман, но веднаш до нив е и премиерлигашот Борнмут. Своја шанса од сенка чека и членот на Серија А, Џенова.

- Оглас -

Најнови вести