Екипи од места кои заедно имаат околу 30.000 жители играа во финалето од Купот на Австрија (Фото)

Екипите на Волфсбергер и Хартберг одиграа историско финале од Купот на Австрија. Местата од кои доаѓаат двете екипи заедно имаат нешто над 30.000 жители. Волфсберг има 25.000 жители, додека Хартберг 6.650. Она што е интересно и за двете екипи е што никогаш претходно не освоиле трофеј во австрискиот фудбал, а беа дебитанти и во финалните натпревари.

Победата им припадна на удбалерите на Волфсбергер со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Ангело Гатермајер во 77-мата минута.

Финалето се играше на стадионот во Клагенфурт, кој има капацитет за 30.000 гледачи, што значи дека и двата града комплетно можеше да ги собере на трибините. Сепак, финалето го проследија околу 20.000 гледачи.

За Волфсбергер ова е најголемиот успех во историјата на клубот, а на меѓународна сцена двапати играа во групите од Лигата на Европа, додека во 2021 година успеаја да дојдат и до 1/16-финалето кога беа елиминирани од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести