Екипите на Јокиќ и Дончиќ ќе загубат

8369 Бостон селтикс – Сан Антонио спарс (01.30 часот)

Бостон почна да излегува од кризата, има две победи по ред, и оди по хет-трик. Сан Антонио има четири порази едноподруго, и бара излез од кризата. Спарс е на 14-22 и нема да му биде лесно да влезе во плејин, бидејќи конкуренцијата на Западот е голема, а во слична ситуација е и Селтикс на Истокот. На 27 ноември кога овие два тима играа во Сан Антонио, мечот беше со скромен број на поени и заврши со победа на Мамузите од 96-88, но последното гостување на Спарс во Бостон беше со многу поени (128-128 по регуларниот дел). Домашните се фаворити, но типуваме дека Сан Антонио нема да загуби со двоцифрена разлика.

Предлог тип: Х 2 – 9.50 (1.72)

 

8368 Далас маверикс – Голден Стејт вориорс (01.30 часот)

Ова е веројатно најинтересниот меч вечерва, играат Дончиќ против Кари, па кој од нив двајца ќе има порасположени соиграчи, тој тим ќе победи. Кај Дивите телиња ќе ги нема Порзингис и Марјановиќ. И Маверикс и Воините имаат по четири победи на последните пет меча. Голден стејт е најдобар тим во лигата со само 7 порази сезонава. Далас во минатата сезона двапати го победуваше Голден стејт и даваше 133 и 134 поени, но сега Вориорс се стабилизирани и немаат заразени играчи.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

8371 Милвоки бакс – Торонто репторс (02.00 часот)

Торонто има три победи по ред, но Бакс со разигран Адетокумбо, е опасен тим, и Елените се фаворити. Брук Лопес е повреден, но и без него Милвоки е добар тим, кој киксираше против Детроит пред два дена и нема да сака да му се повтори тоа сценарио. Ова е дуел на два тима кои многу често и даваат и примаат над 100 поени. Синоќа Торонто го разби Сан Антонио со 25 поени разлика, но веруваме дека на Репторс ќе му заврши серијата од три победи по ред на гостувањата кај Бакс.

Предлог тип: 1 & >226.5 (2.85)

 

8373 Денвер нагетс – Јута џез (04.00 часот)

Јута е трета, а Денвер шести на Западот. За Нагетс ова е прв меч дома после серијата од четири гостувања. Потфрлија во Далас кога освен Јокиќ, никој друг не даде над 15 поени, а овојпат Јокиќ ќе треба да се справи со одличниот дефанзивец Гобер, чиј настап е неизвесен. Денвер има само една победа на последните шест домашни дуели, а Јута не загубила на гости уште од 8 ноември, затоа и според квотите, фаворити се Џезерите, кои се и најефикасен тим во лигата.

Предлог тип: 2 (1.68)

 

8378 Портланд трејлблејзерс – Мајами хит (04.00 часот)

Мајами има многу подобар скор од Портланд и би требало да игра плејоф, но Хит моментно има два порази по ред, а Портланд го доби претходниот меч. Двата тима имаат проблеми со отсуствата, кај Портланд повредени се главните бекови Лилард и Мекколум, а кај Хит листата е подолга, меѓу другите, им фалат и Адебајо, Оладипо, Морис, Хаслем. Блејзерс има серија од четири меча по ред на кои прима 120 или повеќе поени, а Мајами на последните четири меча прима од 110 до 115 поени.

Предлог тип: Т2 >108.5 (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести