Екипите на Роналдо и Нејмар денеска може да немаат милост кон ривалите и да има по 7+ голови

Натпреварите од 16-финалето на фудбалскиот Куп на Саудиска Арабија треба да бидат рутински одработени од два клуба во коишто има светски ѕвезди. Ал-Наср на Кристијано Роналдо ќе гостува кај тимот на Оход и нема дилеми дека ќе победи.

Оход е екипа која се натпреварува во Втората лига во Саудиска Арабија и таму е меѓу најслабите, па во шест кола претрпе дури пет порази. Во една таква ситуација, јасно е дека Ал-Наср доколку реши да игра со полна сила, тоа може да биде натпревар со многу погодоци, а во Sport Life одличен е коефициентот за 7+.

Денеска игра и Ал-Хилал, каде што главна ѕвезда е Нејмар, а во нападот е и опасниот српски голгетер Александар Митровиќ. И овие големи ѕвезди треба да одат на гостински терен кај второлигаш, и тоа екипата на Ал-Џабалаин. Се работи за тим кој има четири победи во шест кола од втората лига, но тешко дека ќе може да даде отпор во овој куп-дуел.

И тука примамлив е коефициентот за опцијата да има 7+ погодоци, што вреди да се ризикува.

 

- Оглас -

Најнови вести