21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Екипите од Андора синоќа беа главен хит, приредија две сензации

Веќе нема слаби противници во Европа, сите играат фудбал, е фраза која често се користи во последно време, а се чини и дека станува реалност.

Некогаш селекцијата на Андора и тимовите од таа пиринејска земја служеа како „спаринг партнер“ и тимови против кои победата се подразбира и прашање е само со колку голови разлика ќе бидат победени. Но, синоќа се случи чудо, во квалификациите за Конференциската лига двата тима од Андора победија.

Атлетик Ескалдес на свој терен со 2-0 го победи луксембуршкиот Дуделанж, што може да се нарече изненадување, но триумфот на Санта Колома од 4-1 на гости кај Борац Бања Лука е вистинска сензација и нешто што никој не можеше да го предвиди. Ова е невиден срам за тимот чиј резервен голман е Дамјан Шишковски и клуб кој во 2024 година беше шампион на Босна и Херцеговина, а одлично играше и во Конференциската лига, каде што пролетоска дотурка до осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести