Екипите од Мерсисајд кобни за Челзи (видео)

Евертон со минималните 1-0 славеше против Челзи во последниот саботен меч од 12-тото коло во Премиер лигата.

Карамелите му го нанесоа вториот пораз на тимот од Западен Лондон во англискиот шампионат, три месеци подоцна откако Сините загубија од Ливерпул на домашен терен. На избраниците на Лампард дефинитивно не им лежат екипите од Мерсисајд, а славјето на „Гудисон парк“ на околу 2.000 навивачи се погрижи Сигурдсон.

Исландскиот играч за врска во 22-та минута реализира пенал, откако претходно голманот Менди направи непромислен прекршок над Калверт-Луин. До крајот на средбата сите напади на гостите беа анулирани од страна на расположениот Пикфорд, кој имаше малку среќа и помош од рамката на голот во два наврати.

Евертон со триумфот се израмни на 20 бода со Манчестер јунајтед и Вест хем на табелата, додека Челзи останува трет со 22 бода.

https://twitter.com/ricky91730734/status/1337856502800011267

 

- Оглас -

Најнови вести