Маркус Рашфорд се покажа како вистински погодок за Астон вила, а тоа се покажа и како добра средина за самиот фудбалер откако Манчестер јунајтед како прекуброен се откажа од неговите услуги и го испрати на позајмица.
Фудбалерот не е плановите на Рубен Аморим, но со игрите покажа дека поседува квалитет, а на крајот сè излезе и по малку чудно бидејќи воопшто не играше во екипа која е во долниот дел од табелата, а е одличен во составот кој е при самиот врв на Премиер лигата.
Многу од навивачите на Црвените ѓаволи се прашуваат дали е можно тој да се врати на „Олд Трафорд“, но португалскиот тренер сè уште не го променил мислењето. Астон вила сака да го задржи, но Манчестер јунајтед ќе инсистира на негова продажба за да дојдат до финансии за нови засилувања. И од двата клуба за медиумите од Островот велат дека судбината на Рашфорд ќе биде позната по завршување на сезоната и не сакаат да коментираат додека сè уште трае првенството.
The factors that will decide Marcus Rashford’s future after Aston Villa loan https://t.co/KOuD4fSvBR pic.twitter.com/LRjCMfjVTX
— The Independent (@Independent) April 23, 2025