Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике, е голема желба на Ливерпул. Актуелниот шампион на Англија веќе испрати официјална понуда до бундеслигашот, но таа експресно беше одбиена.
Сепак, она што му оди во полза на раководството на Ливерпул е желбата на фудбалерот, а тоа е да се пресели на „Енфилд роуд“. Според медиумите од Островот, Екитике веќе ги договорил личните услови со Црвените и сега само уште клубовите да ги договорат финансиските детали за да биде официјализиран шестгодишниот договор.
Екитике само пред 18 месеци беше купен од Ајнтрахт за 16,5 милиони евра од ПСЖ, а неговата вредност во моментов изнесува 75 милиони евра. Минатата сезона одигра 48 натпревари со ефект од 22 гола и 12 асистенции.