20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Екитике: „Сигурен сум дека ќе имаме добра сезона, во недела да започнеме со трофеј“

Подготовките за англискиот шампион, Ливерпул, финишираа со двојниот пријателски меч против Атлетик Билбао, а веќе во недела „црвените“ играат меч за трофеј против Кристал палас во англискиот Комјунити шилд.

Против „баскијците“ најдобра отценка имаше новото засилување, Уго Екитике, кој покажа дека ќе биде значајна алка во одбраната на титулата.

„Во Ливерпул сум само една недела и сè уште ја градиме врската со останатите во тимот. Станува збор за последното додавање и градењето на нападите. Ми се допаѓа да играм со нив, а тие се одлични момци и надвор од теренот. Имаме неколку детали што треба да ги средиме, вклучително и јас кога играм со топка. Сепак, сигурен сум дека ќе имаме добра сезона. Сè уште е рано. Ова беше последниот пријателски натпревар пред Комјунити шилд (против Кристал Палас во недела, 10 август). Беше важно да победиме и да играме со самодоверба. Но вистинската сезона почнува дури во недела со натпреварот за трофејот и со нетрпение го очекуваме. Сигурен сум дека ќе се бориме до крај.“ – рече Уго Екитике после победата над Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести