Еклстоун: Шумахер беше лидер, Фетел го нема тоа

Поранешниот извршен шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, не може да разбере како Себастијан Фетел не ја освои титулата во оваа сезона и го нападна Германецот дека нема лидерски способности како славниот Михаел Шумахер.

Еклстоун смета дека Фетел имал најдобар болид годинава, но имал и проблем со недостатокот на лидерство и не знае работите да ги гледа посмирено. Британецот направи споредба со Шумахер, кој исто така како светски првак дојде во Ферари, но со „црното коњче“ освои дури пет титули.

„Михаел знаеше да го носи тимот на својот грб и успеа да го извлече од кризата. Тој беше лидер, а Фетел ги нема тие карактеристики. Фетел беше навикнат на атмосферата во Ред Бул, каде што сите зборуваат и тој таму се чувствуваше комотно. Во Ферари мора да бидете посмирени. Себастијан има сензибилен карактер, што не е својствено за Германец. Кариерата не му е готова, но мора да се победи себеси и да најде начин да излезе од оваа ситуација“, вели Еклстоун.

- Оглас -

Најнови вести