Англичаните ги урнаа сите рекорди на победниците во фазата по групи на Европските првенства и завршија како првопласирани во Сегментот Д само со два гола.
Тоа им беше доволно да освојат дури 7 бода за првото место, што е најмал број на постигнати голови за лидерската позиција во фазата по групи во историјата на континенталните шампионати што се играат од 1960 година.
Интересно е што Гордиот Албион вечерва не калкулираше и ја победи Чешка со 1:0, па одбра во осминафиналето да игра со второпласираната селекција од групата на „смртта“.
Противник во нокаут-фазата веројатно ќе им биде или европскиот првак Португалија, или светскиот првак Франција или гигантот Германија ако Унгарците не приредат сензација во последното коло во Ф групата.
Моментно пред дуелите од последното коло меѓу Франција и Португалија и Унгарија и Германија, распоредот на табелата е следен:
Франција има четири бода, Германија и Португалија се со по три бода и Унгарија има само еден бод.