Дени Милс, поранешниот фудбалер на Лидс и Манчестер сити и поранешен англиски репрезентативец, го привлече вниманието на јавноста со изјава со која ги потцени моментните можности на Аргентинецот Лионел Меси.
Според Милс, за седумкратниот освојувач на Златната топка, Меси, кој е член на Пари Сен Жермен, во моментов нема место во топ 6 тимовите од англиската Премиер лига.
„Меси во Премиер лигата? Не верувам. Во Сити нема место за него, ни во Ливерпул не би играл. Мислам дека ни во Тотенхем. Во овој момент тој не е играч за топ 6 тимовите од Премиер лигата“, смета Милс.
Оваа изјава предизвика многу коментари по социјалните мрежи, а се јавија и фанови на Тотенхем кои велат дека Милс е несериозен и „забегал“ и дека веднаш би го зеле Меси.