Некогашниот англиски репрезентативец Дејвид Дан се одрекол од својата ќерка откако дознал дека таа снима филмови за платформата за возрасни OnlyFans и така заработува многу пари. Дејвид бил толку лут што во телефонскиот разговор својата ќерка Миа ја нарекол ку*ва.
Тинејџерката Миа вели дека веќе не контактира со своите родители, а се пофали дека заработува 100.000 фунти месечно од „работењето“ на платформата за возрасни.
„Сакав повторно се се спојам со татко ми, но додека зборувавме по телефон, ме нарече ку*ва. Родителите се откажаа од мене. Не сакаат веќе да имаат никаков контакт со мене. Им реков дека ми е многу жал, но тоа што снимам за OnlyFans не значи дека сум лоша личност. Имам само 19 години и решив да напрвам нешто свое“, рече Миа Винвард-Дан за британскиот таблоид „Сан“.
View this post on Instagram
Дејвид Дан е легенда на Блекбурн, клуб за којшто има одиграно 377 натпревари и има постигнато 58 гола. Во 2010 година беше сместен во листата на 50 најдобри играчи во Премиер лигата. Има и еден настап за репрезентацијата на Англија, и тоа против Португалија во 2002 година.