Жорге Франко Алвиз-Бургуи е фудбалер кој помина пет години во дресот на Реал Мадрид. Од 2012 до 2017 година играше за Реал Мадрид Ц и Реал Мадрид Б, но никогаш не се избори за место во најдобриот тим на Кралскиот клуб.
Бургуи потоа беше даден на позајмица во Еспањол и Спортинг Хихон, а во 2017 година направи трансфер во Алавес. Франко одигра преку 100 меча во најсилната шпанска лига, но кога му заврши договорот во 2021 година, остана без клуб.
Шпанецот реши да направи трансфер во Шибеник, тим кој е на осмото место во хрватското првенство.
„Да, Бургуи е регистриран и има право за настап и тоа уште в недела на гостувањето кај Риека“, рече спортскиот директор на Шибеник, Хрвоје Кулушиќ.