Поранешен дански репрезентативец заврши во затвор за кражба на продукти вредни 20 евра

Поранешниот дански репрезентативец Ники Били Нилсен (36 години) заврши во затвор поради кражба во продавница. Нилсен украл роба во вредност само од 20 евра, а потоа, откако бил фатен, се заканувал на вработен во продавницата.

„Ќе ти ја скршам вилицата, па шест недели ќе живееш само пиејќи јогурт“, му рекол некогашниот фудбалер на вработениот. Украдени биле инстант супа, сок и вино во картонска амбалажа.

Ова не е прв инцидент на овој ексфудбалер. Пред 10 години заврши во затвор поради напад на полицаец во Копенхаген. Потоа е обвинет за напад врз неговиот агент, а има учествувано и во масовна тепачка на Божиќ, кога било и пукано кон него. Неодамна има пријава и за напад врз партнерката.

Од фудбалската кариера, Нилсен има играно за неколку познати екипи, како што се: Вилјареал, Розенборг, Лех Познањ, Рајо Вајекано, Елче и Реџина. За репрезентацијата на Данска, Нилсен има одиграно три натпревари, а постигнал и еден гол. Фудбалската кариера ја заврши пред три години.

- Оглас -

Најнови вести