Поранешниот спортски директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, вели дека најдобар потег за Килијан Мбапе е што е можно побрзо да си замине од францускиот тим. Според Леонардо, Мбапе во изминативе неколку години се промовирал како одличен голгетер, но сепак тој не е фудбалер кој би бил лидер во една екипа.
„Кога ќе го погледнете неговото однесување во последните две сезони, јасно е дека тој не е способен да биде лидер на екипата. Тој е одличен играч, но не е лидер. Одличен стрелец, но не е креативен, па тешко е да се гради тим околу Мбапе. Мислам дека е дојдено времето да си замине од ПСЖ. Тоа би било добро за него, но и за ПСЖ“, вели Леонардо.
Мбапе е член на ПСЖ од 2017 година и досега одигра 260 меча за Светците, во кои постигна 212 голови. Францускиот голгетер е под договор со ПСЖ, но тој најави дека летово сака да си замине од „Паркот на принцовите“.
Реал Мадрид е клубот кој е фокусиран да го добие Мбапе за следната сезона.