Ексфудбалер на Партизан и Реал Мадрид бара помош, денес работи како магационер во Крагуевац! (Фото)

Некогашниот фудбалски репрезентативец на поранешна Југославија и дефанзивец кој се прослави во Партизан, па направи сензационален трансфер во големиот Реал Мадрид, Предраг Спасиќ, се обрати преку шпански медиуми за помош бидејќи работи како магационер во српскиот град Крагуевац за плата од 400 евра.

Парите кои ги заработи како играч, ги вложил во пропаднати проекти, па сега 57-годишниот Спасиќ преживува ден за ден.

Спасиќ по Мундијалот во 1990 година, потпиша за Реал, но таму не се снајде и важи за едно од најлошите засилување за Кралскиот клуб. Дочека и фановите на Барселона на шега да го скандираат неговото име поради автогол на „Камп ноу“ во белиот дрес.

Откако ја слушнале приказната на Спасиќ, помош му била понудена од Здружението на ветерани на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести