Некогашната фудбалска надеж на Црвена ѕвезда, Живко Бакиќ е уапсен како лидер на групата која е осомничена дека тргувала со кокаин, пренесуваат српските медиуми. Се сомнева дека шестчлената група била дел од Балканскиот катрел. По извршената полициска акција на територија на Белград и Панчево, биле пронајдени осомничените.
„Бакиќ на крајот од 90-тите и почетокот на новиот век беше перспективен фудбалер кој играше како десен бек во Црвена ѕвезда. Иако му се предвидуваше блескава кариера, тој се реши да се фокусира на други работи“, вели неименуван извор.
Уапсените биле барани по меѓународна потерница поради шверц на кокаин со прекуокеанси број од Јужна Америка во Европа. Во септември 2021 година, на пристаништето во Солун биле запленети 324 килограми кокаин.
Бакиќ кој има 40 години, никогаш не стигнал до првиот тим на Црвена ѕвезда, а во последните 15-тина години најчесто живеел во странство, најголем период на Ибица во Шпанија.