Екс фудбалската ѕвезда ќе се спаси од 14-месечен затвор со тоа што ќе работи со деца

Некогашниот репрезентативец на Норвешка, Џон Карју треба да отслужи 14-месечна затворска казна поради затајување на данок. Карју кој има одиграни 91 натпревар во репрезентативниот дрес на Норвешка, може да се спаси од затворската казна откако од фудбалската федерација на Норвешка го ангажираа да се грижи за развојот на младите фудбалери.

Карју не пријавил данок од околу 1,2 милиони евра, во периодот од 2014 до 2019 година, а сега се надева дека ќе може да се врати во фудбалската работа.

„Би можело Карју да ја превземе оваа должност околу младите фудбалери со тоа што за време на издржување на затворската казна, ќе носи електрична алка и властите ќе знаат точно каде се наоѓа. Добро е што Џон сака целото свое стекнато искуство да го пренесе на децата и тинејџерите. Оваа работа може да биде дел од неговата казна“, вели претседателот на норвешката фудбалска федерација, Лисе Клаевенс.

Карју во кариерата играше за Лион, Валенсија, Астон вила, Бешикташ и Вест хем, а тој самиот ја почна оваа иницијатива да работи со децата и тинејџерите во фудбалот, што може многу да му ја олесни затворската казна.

„Едвај чекам да се вратам во спортот. Фудбалот остана важен дел од мојот живот. Ќе биде убаво да можам да придонесам за развој на младите фудбалери“, рече Карју.

- Оглас -

Најнови вести