Џеј Емануел Томас, некогашниот напаѓач на Арсенал, призна дека е виновен во случајот за шверц на канабис вреден 800.000 долари, пишуваат медиумите во Британија.
Овој инцидент се случи на аеродромот „Стенсед“ во Лондон, кога Томас се обидел да влезе во Англија од Тајланд. Британската национална агенција за криминал (НЦА) открила два сомнителни куфера по 60 килограми во кои се наоѓала дрогата.
Истрагата веднаш покажала дека дрогата доаѓа од Тајланд, а фудбалерот е задржан во притвор. Томас сезонава играше за тимот на Гринок Мортон, клуб кој веднаш му даде отказ на шверцерот. Првично Томас одбил да признае вина, но на последното сослушување дал исказ во којшто го признал делото.