Англискиот четвртолигаш Салфорд донесе звучно засилување во своите редови, откако потпиша краткорочен договор со Фабио Борини. Искусниот 34-годишен Италијанец беше слободен играч откако на крајот од минатата сезона си замина од Сампдорија.
Идејата за Борини да потпише за тимот кој игра во Лига 2 во Англија е тоа што напаѓачот на Салфорд, Џеј Бирд се повреди и сега е потребен офанзивец, па искусниот Италијанец се смета за соодветно решение.
Борини е играч со големо фудбалско искуство. Во минатото има настапи за младата репрезентација на Италија, а на клупско ниво има настапивано за гиганти како што се Милан, Ливерпул, Челзи, Рома, а бил дел и од Сандерленд.
Салфорд се наоѓа на деветото место во Лига 2 со 19 бодови од 12 средби.