26.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Ексиграч на Наполи до смрт претепан од полицајци на забава на Ибица

Микеле Ночезе е поранешен фудбалер на Наполи кој беше убиен во својата куќа на Ибица. Полицијата пристигнала во куќата на Ночезе и до смрт го претепала некогашниот фудбалер, кој потоа работеше како музички диџеј.

Овој 35-годишен маж бил претепан до смрт од полицијата, а според шпанските медиуми, полицијата влегла во неговиот дом откако сосед пријавил дека оттаму доаѓа бучава.

Наводно, се појавил конфликт и сè брзо ескалирало во тепачка во која бил претепан до смрт. Полицијата издаде кратко соопштение во кое се вели дека ќе спроведе истрага за да утврди што точно се случило и дека ќе изврши целосна реконструкција на настанот.

Очигледно правел забава, а бидејќи работи како диџеј, сигурно имал одлично озвучување.

Тој наводно се тепал со неколку полицајци кои се појавиле пред неговиот праг, велат очевидци. Телото е однесено во мртовечница и се очекува да биде извршена обдукција. Причината за смртта на диџејот кој бил дел од младинските селекции на Наполи сè уште е непозната.

Шпанското судство потврди дека е започната истрага, која внимателно ја следи италијанскиот конзулат во Барселона. Европратеникот од политичката партија Форца Италија, Фулвио Мартучиело, вели дека мора да се дознае вистината за смртта на диџејот.

„Сакаме да ја знаеме вистината за смртта на Микел Ночезе“, рече Мартучиело.

Сакаме да разбереме што се случило и која била одговорноста на Цивилната гарда. Ненадејната смрт на еден млад, успешен и сакан неаполец, меѓународно признат диџеј, не може да остане во сенка. Техно-хаус музичката издавачка куќа Mood Child ги сподели неговите фотографии со пораката:

„Навистина сме тажни поради оваа вест. Микеле имаше добро срце и беше дел од семејството Муд откако ја објави песната „Love This Game“ на Mood Edits.“

- Оглас -

Најнови вести