26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Ексиграч на Наполи и Болоња е херојот што го совладал напаѓачот кој изврши крвав напад во супермаркет

Масимо Тарантино, некогашниот фудбалер на Наполи и Болоња, е херојот кој успеал да го совлада напаѓачот што изврши масакр во еден супермаркет во близина на Милано. Тарантино бил во продавницата кога психички нестабилниот Андреа Томболини со нож почнал да ги напаѓа и да ги прободува тие што биле околу него.

Во нападот е убиена една жена, а тројца мажи се повредени. Меѓу повредените е и фудбалерот на Монца, Пабло Мари. Токму Мари раскажа како имал среќа што е жив затоа што жената која била пред него била прободена во вратот и веднаш починала.

Тарантино, кој сега има 51 година, со голи раце успеал да го совлада напаѓачот кој имал голем нож во рацете и ги напаѓал сите пред себе. Откако успеал да го совлада и да го разоружа, Тарантино го држел напаѓачот сè додека не дошла полицијата.

Во играчката кариера, Тарантино беше дефанзивец кој кариерата ја има започнато во Катанија во 1986 година, а од 1989 потпишува за Наполи, со кого има и шампионска титула во сезоната 1989/90. Има играно и за Монца, Барлета, Болоња, Комо, Триестина и Павија. Кариерата ја завршил во 2006 година со вкупно 203 меча одиграни во Серија А. Тарантино сега работи како шеф на спортскиот оддел во екипата на СПАЛ.

- Оглас -

Најнови вести