Екс играч на ПСЖ веќе 39 години е во кома, а требаше да има рутинска операција на коленото

Жан-Пјер Адамс е некогашен играч на Пари Сен Жермен, кој веќе 39 години се наоѓа во кома. Адамс е роден во Сенегал во 1948 година, а во Франција пристигнал со своето семејство кога имал само 10 години.

Неговата желба била да стане професионален фудбалер, а со многу тренинзи и напорана работа успеал во тоа. професионалната кариера ја започнал во Ним, а со неговите одлични игри го ривлекол вниманието и на посилните екипи, па прави трансфер во Ница. Адамс добил повик за настап и во француската репрезентација.

По четири години поминати во Ница и одиграни 144 меча, потпишува за Пари Сен Жермен и тоа кога имал 29 години. Веднаш се наметнал како стандарден првотимец кај Светците и неговата кариера одела во нагорна линија. Сепак, сѐ се сменило во 1982 година, кога во болницата во Лион требало да направи рутинска операција на коленото.

За време на операцијата, лекарите на Адамс му ставиле погрешна доза на анестетик и фудбалерот доживеал бронхоспазам, кој оневозможува проток на кислородот во мозокот. Адамс завршил во кома и веќе 39 години не може да се разбуди, едноставно живее како билка.

Неговата сопруга, Бернаде не сака да се откаже од Адамс и да го тргне од апаратот за дишење и цели 39 години се грижи за него, иако многумина и велат дека треба да се откаже.

„Луѓето на фејсбук ми пишуваат дека треба да се откажам и да го исклучат Жан-Пјер од апаратите, но јас тоа нема да го направам. Немам храброст да престанам да му давам храна и вода. Има нормална рутина. Можеби е во вегетативна состојба, но може да ме слушне и да седне во количка. До крајот на животот нема да се откажам од него“, рече неговата сопруга.

 

- Оглас -

Најнови вести