Екс играч на Реал Мадрид приведен поради детска порнографија

Поранешниот германски репрезентативец Кристоф Метцелдер е уапсен во својот дом во Хамбург и е обвинет за поседување и трговија на детска порнографија.

„Отворено е досие против 38-годишен Германец поради сомнение дека тргувал со документи за детска порнографија. Тука се вклучени и дигитални снимки“, откри портпаролката на обвинителството во Хамбург, Лиди Очтеринг.

Метцелдер бил пресретнат од полицајците додека бил на курс за тренери. Полициските агенти го привеле и заедно со него заминале во неговиот дом за да направат претрес по налог на обвинителството.

Според германскиот весник „Билд“, пријавата ја поднела жена која наводно повеќе од една година била во контакт со поранешниот фудбалер. Токму жената го пријавила Метцелдер во полиција и им покажала 15 фотографии од детска порнографија, кои Кристоф ѝ ги испраќал преку WhatsApp.

Метцелдер во текот на играчката кариера немаше поголеми скандали или инциденти. Дефанзивецот настапуваше за германските гиганти Шалке и Борусија Дортмунд, а во еден дел од кариерата го носеше дресот и на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести