Ексиграч на Рома ќе биде нов тренер на Лацио

Игор Тудор во средата поднесе оставка на тренерската позиција во Лацио, а два дена по неговото заминување веќе се знае кој ќе го замени на клупата на римскиот клуб.

„Кориере дело спорт“ пишува дека Лацио ќе го преземе Марко Барони, 60-годишниот стратег, кој минатата сезона ја предводеше Верона и со овој тим го освои 13-тото место.
Барони бил голема желба на претседателот на клубот Клаудио Лотито, а интересно е дека во играчката кариера има настапувано за градскиот ривал Рома.

Барони нема освоено трофеј во својата тренерска кариера. Неговите успеси го вклучуваат пласманот на Лече од Серија Б во Серија А во сезоната 2021/22.

Пред да го замени Лече со Верона, работеше како тренер на Реџина, Кремонезе, Фрозиноне, Беневенто, Новара, Пескара…

- Оглас -

Најнови вести