Екс играчот на Барселона исклучен за девет секунди (Видео)

Некогашниот играч на Барселона Жан-Клер Тодибо доби директен црвен картон во деветата секунда од дуелот меѓу Ница и Анже.

Тодибо беше исклучен поради фаул направи буквално во првиот напад на гостите. Тоа беше прекршок направен за да се спречи гол шанса за Анже, па арбитарот без дилема му покажа директен црвен картон на Тодибо.

Предноста од играч повеќе ја искористија гостите кои постигнаа гол пред крајот на првото полувреме.

 

Во 62 минута црвен картон доби и еден играч на Анже, па силите на теренот се израмнија, но Ница не успеа да постигне погодок со кој ќе се спасеше од пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести