Екс играчот на Ливерпул и Арсенал прогласи банкрот поради долг над еден милион фунти!

Поранешниот англиски фудбалер Џермејн Пенант мораше да прогласи банкрот, откако неговите долгови достигнаа над еден милион фунти, пренесуваат британските медиуми. Пенант кој има 39 години, во кариерата играше за гиганти како Арсенал и Ливерпул, добро заработи во текот на играчките денови, а се пензионираше во 2017 година.

Окружниот суд во Бирмингем издаде налог за банкрот на Пенант, поради неговите долгови кон даночниците, банките и комуналните претпријатија. Во 2020 година беше згасната и фирмата на Пенант бидејќи остана без приходи.

„Неговите долгови се седмоцифрени. Долговите кон даночниците и кон банките се огромни. Ја нема платено хипотеката и имотот ќе му биде одземен“, тврди неименуван извор за весникот Сан.

Пенант во кариерата освои ФА Комјунити шилд со Арсенал во 2004 и со Ливерпул две години подоцна. Беше дел и од финалето на Лигата на шампиони во 2007 година, кога Ливерпул загуби од Милан.

- Оглас -

Најнови вести