Екс-играчот на Партизан дојде во посета на родното село, едвај извлече „жива глава“ (Видео)

Фудбалерот на Валенсија Умар Садик реши за време на летната пауза да дојде во родната Нигерија и да го посети селото од кое потекнува, Кадуну. Присуството на Садик ги израдува сите во селото, каде се создаде еуфорија.

Едноставно сите сакаа да се поздрават и фотографираат со Садик, но малку фалеше да се случи и хаос. Фудбалерот благодарение на полицијата и обезбедувањето едвај успеа да извлече „жива глава“ и да се најде на безбедна зона.

Садик во кариерата играше и за Рома, Болоња, Торино, Ренџерс, Перуџа, Партизан, Алмерија, Реал Сосиедад и НАК Бреда.

 

 

- Оглас -

Најнови вести