Фенербахче со 3:2 славеше на гостувањето кај Бешикташ во „жешкото“ истанбулско дерби. Како што се очекуваше, овој меч изобилуваше со многу тензии, неизвесност, а на крајот Фенербахче направи целосен пресврт и ги освои трите бода.
Бешикташ одлично го започна дербито и по само 22 минути водеше со 2:0. Потоа следуваше црвен картон на Коксу поради остар старт. Откако Бешикташ остана со играч помалку, се вжешти и атмосферата на трибините.
Некогашниот играч на Реал Мадрид, Марко Асенсио беше погоден со пластично шише од навивачите на Бешикташ.
Besiktas fans throw bottles on Asensio
byu/ViolinistOver6664 insoccer
Потоа следуваше голем голем пресврт. Јуксек намали на 2:1 во 32 минута, а пред крајот од првото полувреме токму Асенсио погоди за 2:2.
Комплетниот пресврт на Фенербахче се случи во 83 минута кога Дуран погоди за 3:2 и трите бода заминаа кај гостинскиот тим. Со оваа победа Фенербахче сега има 25 бодови, четири помалку од лидерот Галатасарај.

