Поранешниот играч на Реал се чуди: Не сакам Ковачевиќ да биде убиен

Уште не е јасно кој и зошто се обиде да го убие Дарко Ковачевиќ во Атина. Некогашниот српски репрезентативец и поранешен играч на Олимпијакос беше нападнат додека со својот автомобил се враќал кон својот дом. Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон Србинот, кој беше ранет во ногата, но немаше посериозни повреди.

Веднаш започнаа шпекулации дека зад нападот врз Ковачевиќ стои некогашниот негов соиграч Раул Браво, кој има играно и во Реал Мадрид. Браво беше уапсен во Шпанија како дел од бандата која учествувала во местење мечеви. По нападот над Ковачевиќ, гласините беа дека Раул Браво го нарачал нападот врз Дарко затоа што знаел некои работи за Шпанецот и ги кажувал каде што не треба. Сите овие приказни ги демантираше Раул Браво.

„Таквите пишувања влијаат на мене и на моето семејство. Боли да се читаат такви работи. Дарко ми се јави и ми рече дека објавуваат лудости. Бевме цимери и имаме многу добар однос. Таблоидите пишуваат дека јас сум наредил да биде убиен Дарко затоа што тоа е интересно за читање, но се измислици. Познавајќи го Дарко, не можам да замислам дека некој сакал да го повреди. Мислам дека се работи за обид за грабеж“, вели Браво.

 

- Оглас -

Најнови вести