Екс играчот на Звезда објаснува зошто не сака да игра во Саудиска Арабија: Не можам жената да ја претворам во нинџа

Српскиот дефанзивец Радован Панков по неколку сезони поминати во Црвена ѕвезда, летово реши да направи трансфер во Легија од Варшава. Панков открива дека имал богати понуди од Јапонија и Саудиска Арабија, но не сакал да замине на Исток.

„Понекогаш не се работи само за парите. Имав добри услови во Црвена ѕвезда. Уште сум млад. Сакам да се докажам. Во Легија ќе поминам две-три години, а потоа ќе одам во некоја од Топ 5 лигите. Во форма сум, можам да играм до 35-36 години. Имам уште доволно време за да се преселам и да играм на Истокот. Многу е важно и семејството, а невозможно е со нив да се отиде во Саудиска Арабија. Жнаете како е кога не живеете во поголем град, децата и жените мораат да бидат како нинџи. Тоа не ми се допаѓа“, вели Панков во изјава за Легија.нет.

Панков во кариерата има играно за Војводина, руски Урал, кипарски АЕК Ларнака, Раднички Ниш, Чукарички и Црвена ѕвезда. Неговата вредност се проценува на 1,2 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести