Ексјуниорски репрезентативец на Германија се жалел на главоболка и починал

Фудбалска Германија жали за 24-годишниот Јаник Нонвајлер, кој ненадејно почина откако се пожалил дека има главоболка. Нонвајлер е поранешен јуниорски репрезентативец на Германија, а играше заедно со Тимо Вернер во младите категории во Штутгарт.

Нонвајлер играше за Нирнберг, Карлсруе, Штутгарт, Сарбрикен, Швалбах, Титус Петинген, Рохлинг, а последен клуб му беше Колербах. Почина во болница во Хомбург, место во близина за Кајзерслаутерн, а причината за смртта не е позната. Тој само се пожалил на главоболка и потоа починал оставајќи ги во шок сите кои го познавале. Клубот Колербах ги одложи своите наредни два натпревари.

- Оглас -

Најнови вести