19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Екскошаркар на Денвер призна дека парите му се поважни од титула (Видео)

Поранешниот кошаркар на Денвер нагетс и актуелен играч на Орландо меџик, Гари Херис, изјави дека парите му се поважни од освојување на титулата во НБА-лигата.

„Сите екипи во НБА зборуваат дека се како семејство. Ве молам, немојте. Секогаш би се одлучил да земам максимален договор отколку да ја освојам титулата. За мене е поважно да имам максимален договор, а потоа да се обидам да дојдат до титулата“, изјави Херис во поткастот кај поранешниот НБА-кошаркар Џеф Тиг.

Слично размислува и поранешниот соиграч на Перо Антиќ во Атланта хоукс.

„Мразам кога луѓето зборуваат дека сакаат само да победуваат. Не, јас сакам да заработам. Немам проблем да играм за губитнички тим, но дај ми пари“, рече Тиг.
Гери Херис од 2014 до 2021 година настапуваше за Денвер нагетс, по што беше испратен во Орландо како дел од размената со која Арон Гордон се пресели во тимот од Колорадо.

- Оглас -

Најнови вести