Поранешниот плејмејкер на МЗТ Скопје, Никола Оташевиќ, во поткаст интервју обелодени интересни детали од неговата кариера, а откри дека истовремено играл и фудбал и кошарка.
„Менаџерот ми договори трансфер во Будуќност во 2007 година, а јас играв фудбал и дадов гол на два дена пред потписот за Будуќност. Стопати сум дал кош, но ова не може да се спореди со ништо. Каков кош, какви бакрачи, нема појако чувство од гол на фудбалски меч. Не знаев како да се радувам, тоа беше селски терен, пола трева пола земја, и се лизгав на колена. Потоа одам во Подгорица и тренерот Радоњиќ ме прашува што ми е на колената. Му велам паднав, а тој ми вика: Од мотор падна? Подоцна ме фати дека играм и фудбал истовремено со кошарка, а јас тоа го правев четири години“, раскажа Оташевиќ, кој поради борбеноста, беше миленик на фановите на МЗТ.