8.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Екснапаѓач на Лацио, Интер и Вест хем го направи еден од најглупавите пенали во историјата (Видео)

Аргентинскиот напаѓач Мауро Зарате, кој во кариерата има играно за Лацио, Интер, Фиорентина, Вест хем, Бока јуниорс и други познати и не толку познати клубови, направи тешка глупост со која придонесе неговиот тим Платенсе да загуби меч од аргентинската лига против Хуракан.

Зарате сакаше да дрибла на 30-тина метри од својот гол, но заглави и мораше да се повлекува наназад кон својот голман, а на крајот дури и ја загуби топката и направи пенал. Сето ова при резултат 0-0. Хуракан даде гол од пеналот кој им го подари Зарате, а на крајот победи со 2-0.

Утеха за Зарате е што не доби црвен картон, туку само жолт, а по овој кикс во финишот на првото полувреме беше изваден од игра на паузата.

https://twitter.com/i/status/1582643248438587392

- Оглас -

Најнови вести