Имаше само 25 години: Почина поранешен НБА кошаркар, на последните фотографии изгледал непрепознатливо

Американскиот кошаркар Калеб Сваниган почина само на 25 години, а било потврдено дека се работи за природна смрт. Сваниган, кој играше на позицијата крилен центар, во 2017 година беше избран како 26 пик на драфтот од тимот на Портланд.

Една сезона играше и за Сакраменто кингс, а последно повторно го носеше дресот на Портланд во 2020 година, кога и ја заврши играчката кариера само на 23 години. По завршување на активното играње, Сваниган драстично се здебели, според многумина дури до степен на непрепознатливост.

Беше член на репрезентацијата на САД за играчи до 17 и до 19 години, со кои освои и два златни медали. Во НБА-кариерата одигра 75 меча, во кои имаше просек од три поени по меч и 4,7 скока.

- Оглас -

Најнови вести