
Во фан зоната во Хернинг налетавме на позитивно расположена Македонка која си го испроба знаењето во пинг-понг, а ракометот е нејзин омилен спорт, затоа што и го има играно.
Александра Гаралоска е родена во Прилеп, а последните години живее и работи во Лондон. Не ѝ беше тешко да дојде до Хернинг да ја бодри македонската машка ракометна репрезентација. Таа ја натера својата пријателка да позира со македонска навивачка маица.

„Таа се вика Мартина Шамуел, заедно имаме играно за клуб во Лондон. Инаку, во Македонија играв повеќе сезони за Тутунски комбинат од Прилеп“, ни раскажа Александра.

Некогашната ракометарка ни рече дека жали што в недела мора да си оди, па нема да го гледа мечот со Португалија. Таа одигра една партија пинг-понг и со популарниот „Џими“ како што нашите фанови го нарекоа Фредерик од Шведска кој беше хит и истотака одлично се забавуваше со Фалангата.


