Амел Рустемовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија е позитивен на тестот за Ковид-19 и веќе е во 14-дневен карантин, а меќот меѓу неговиот клуб Грасхоперс и Вил што требаше да се игра вечерва е одложен.
Рустемовски се пожалил на симптоми во вторникот и веднаш бил испратен да направи тест, кој е позитивен. Тој е стандарден член на Грасхоперс, клуб за кој настапува и нашиот А репрезентативец Никола Ѓорѓев.
Амел е голем талент и имаше и понуда да игра за А селекцијата на Македонија, но засега нема настап. Грасхоперс ќе му гостува на Вил во некој друг термин, откако швајцарската федерација одлули да не се игра вечерва.
Ѓорѓев моментно е најдобар стрелец во Втората швајцарска лига со пет гола во пост-корона периодот, или по рестартот на лигата.