Поранешниот романски репрезентативец фатен во прељуба и снимен од мажот на љубовницата (Видео)

Чипријан Марика (34), некогашниот романски репрезентативец и некогашен член на германските бундеслигаши Шалке и Штутгарт, се најде во многу незгодна ситуација. Фудбалерот беше фатен во љубовна афера и тоа од сопругот на неговата љубовница.

Целата ситуација се случила во август минатата година, а сега видеото од настанот се појави во јавноста. Марика бил во еден хотел во Клуж, кога на вратата тропнал мажот на неговата љубовница, и тоа со вклучена камера на неговиот мобилен телефон.

Фудбалерот полугол, само со крпа на себе, излегол пред вратата и останал збунет од целата ситуација. Мажот кој го снимаше видеото чекаше пред него за се појави и неговата сопруга. Кога таа излезе, збунета заборави да ја закочи вратата од собата, па таа автоматски се затвори и сите останаа во ходникот на хотелот.

Додека двајцата сопружници го „решаваа“ проблемот, Марика полека избега од ходникот. Некогашниот репрезентативец на Романија е женет со Јоана, со која има две деца.

- Оглас -

Најнови вести