Педро Гонкалвеш е избран за најдобар фудбалер во петтото коло од Лигата на шампионите во интересна конкуренција на уште тројца играчи што како него постигнаа по два гола.
Играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон со два гола беше најзаслужен за победата од 3:1 против Борусија Дортмунд, што му донесе пласман во осминафиналето во ЛШ на неговиот тим, а ги елиминира популарните Милионери од Дортмунд.
https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1463880968096387078?s=20
Гонкалвеш е поранешен соиграч на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски и играа заедно за Спортинг, екипа што вчера благодарение на двата гола на Педро ја победи Борусија Дортмунд и си обезбеди настап во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Зад Гонкалвеш во изборот на посетителите наофицијалната страница на УЕФА, се најдоа Един Џеко, Емил Форсберг и Себастијан Халер, сите стрелци на по два гола за своите екипи, Интер, Лајпциг и Ајакс.